Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул 2НП - Велигден

    €99,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ТЕРМИН: 05 Април

    1 ден 05.04.2018  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата спроти спортски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

    2 ден 06.04.2018  ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

    Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 07.04.2018   ИСТАНБУЛ 

    Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе и вечерате покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел.  Ноќевање.

    4 ден08.04.2018  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

    Султански Истанбул + крстарење по Босфор

    Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

    За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи. 

    5 ден 09.04.2018СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2018: 99 € / 6.140 ден 

     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 € / 6.760  ден

    Цената вклучува

    • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопје
    • Сместување во хотел 3*  / 2 НП
    • Пратител на програмата 

    Цената не вклучува:

    • Факултативни Излети:
    • панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра
    • Крстарење по Босфор – 15 евра
    • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра
    • Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра
    • Влезници за  музеите: 
    • Топ Капи – 15 евра
    • Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
    • Харемот во Топ Капи – 10 евра
    • Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра
    • Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра
    • Патничко осигурување160 мкд.
    • Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

    *** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

    *** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

    *** Сите други услови на патување важат според годишната програма на НЕХАР ТРАВЕЛ

    T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk