Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Егзотични Патувања

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    МАЛДИВИ ЛЕТО 2018

    €1299,00
    Рајскиархипелагодоколу 1190 острови, групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска височина од 1.5m, податок кој сигурно ќе Ве эачуди. Но, коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови.Острови со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасен и необичен подводен свет. Места кои се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да гинајдете… тоа сетокму овие рајски Малдивски Острови. Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој.Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојан одува го прави престојот на островите пријатен.Островите се населени повеќе од 2500 години.Моментално на островите живеат околу 390.000 жители, од кој повеќето се населени во главниот град Мале.

    СИНГАПУР + БАЛИ - Лето 2018

    €997,00
    Сингапур е економски гигант и најмодерна островска град-држава во југоисточна Азија. Градот ги спојува малајската, кинеската, индиската и англиската култура и религија. Неговата единствена етничка таписерија им пружа на посетителите широк спектар на содржини за разгледување и откривање. Островот лежи еден степен северно од екваторот, и ги опфаќа островот Сингапур и 58 помали острови. Мноштвото рибни ресторани долж песочните плажи на источниот брег, ве повикуваат на излет, како и островот на забавата, Сантос. Главниот град, кој се вика Сингапур, покрива една третина од главниот остров. Одличната инфраструктура на островската република им овозможува на посетителите да уживаат во неговите бројни локации и атракции во безбедна, чиста и зелена средина. Сингапур се нарекува “Градот на градините” ("Garden City") поради многуте паркови и бујната вегетација. Неговата убавина е надополнета со богато културно наследство. Јадрото на Сингапур е колонијалната област. Секоја енклава има свој специјален шарм, од ароматичните продавници за зачини во Little India, трошниот Кинески кварт, каде што сѐ уште е можно да се сретне калиграф, до арапскиот округ кој е претрупан со продавници за фини ткаенини и свила. Бали е инспирација, тропска состојба на умот, магичен остров опкружен со раскошни пејзажи, вулкани, смарагдно-зелени оризови тераси и бујни тропски шуми кои пружаат неисцрпен извор на енергија. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на насмеаните локални жители кои гордо ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет. Од Бали ќе понесете со себе незаборавно искуство од природната хармонија и љубов. Бали е скапоцен камен на Азија и тропски остров на насмеани луѓе кои ќе ги задоволат најразличните вкусови, без разлика дали сакате да се релаксирате на белите песочни плажи под зелените палми и да се релаксирате со звуците на брановите што ги заплискуваат гребените, или да ги почувствувате благодатите од арома терапијата, да го испразните својот ум со јога, Таи Чи , сурфање, или да се обидете да се ценкате во некои од многуте традиционални пазари.

    Егзотични Патувања

    Filter by:

    Clear All
    Min: €997,00 Max: €1299,00
    997 1299