Термин 07 Март 2026
07.03.2026 СКОПЈЕ - МАДРИД
Состанок на групата на аеродрмот во Скопје 14.00 часот. Полетување за Мадрид во 16.05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20.00 часот. Трансфер до хотел и сместување . Ноќевање.
08.03.2026 МАДРИД
Појадок. Пешачки разглед на градот со водич: Ќе прошетаме по авенијата Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, ќе ужижваме во паркот Ретиро, ќе го видиме музејот Прадо, посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа и официјална резиденција на Шпанското кралско семејство, иако сега се користи само за државни церемонии... Палатата има 3.418 соби и е најголемата кралска палата во функција во Европа.... Слободно време за индивидуални активности и ручек. Не пропуштајте да пробате традиционален тапас и сангрија... Во вечерните часови, можност за Фламенко, уживање во заводливиот ритам на шпанската музика, танци и сангрија.Ноќевање.
09.03.2026 МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Факултативен излет: Толедо, средновековната престолнина на Шпанија и срцето на Кастиља, оддалечена 70 км. Од Мадрид. Според легендата, го основале еврејските колонисти во 540 п.н.е. кои и му го дале името. Бурна и интересна историја а сите кои го освојувале(Римјани, Визитготи, Мавари...) оставиле трага во севкупниот развој на градот. Некои од најзначајните цркви, синагоги и џамии се изградени токму овде... Останува Шпанска престолнина се до 1561 год. кога славата и значењето ги превзема Мадрид. Во него живеел и творел и познатиот сликар, вајар, архитект и писател Ел Греко на почетокот на 17 век. Посета на црквата Св. Томас во која ќе уживате во ремек делата на Ел Греко.Враќање во Мадрид, Слободно попладне и вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
10.03.2026 МАДРИД– СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“.
Во вечерните часови трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.45 и пристигнување во 00:15 часот.
Цена за рана резервации до 31.12.2025: 529 евра (32.800 ден)
Цена на аранжманот :589 евра ( 36.520 ден)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид - Скопје
* Рачен багаж - 1 торба со димензии 40х30х20см
* Организиран трансфер Ародром – Хотел - Аеродром
* Сместување во Hotel 3* на база 3 ноќевања со појадок
* Разглед на Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палата
* Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Доплата за чекиран багаж – до 10кг.-30€
* Билети за локален превоз (метро)
* Патничко-здравствено осигурување 300 ден. (за лица до 60 год.)
* Туристичка такса 20 € по лице ,
* Доплата за еднокреветна соба 10.500 ден.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ: (за мин. 15 лица)
* Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз, локален водич и влезници св.Томас 95 €
* Факултативно - Фламенко 60 €
* Влезници во локалитетити (индивидуално): музеј Прадо, музеј Реина Софиа, стадионот Сантиаго Бернабе
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 15 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk