Термин 09 Април 2026
1 ДЕН - 09.04.2026 СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Собир на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање кон Романија во 18 ч. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.
2 ДЕН - 10.04.2026 БУКУРЕШТ
Пристигнување во предпладневните часови... започнуваме со разглед на главниот град на Романија - Палатата на Парламентот, огромна и грандиозна зграда... плоштадот на револуцијата, местото од каде што се пренесуваа последните вести од власта на Чаушеску низ целиот свет... Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија, кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како „Брашов пат“ затоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање
3 ДЕН - 11.04.2026 БУКУРЕШТ - ТРАНСИЛВАНИЈА
Појадок. По појадокот препорачуваме факултативен излет – Трансилванија со посета на замокот Пелеш, Бран и Брашов.
*Замокот Пелеш е грандиозна Кралска палата изградена во Нео-ренесансен стил... изградена како летна резиденција на првиот Романски крал... 3,200 м2, 30 купатила и 170 соби, галерии, библиотеки, канцеларии. Во дворецот ќе се восхитувате на колекции на уметност од Источна и Централна Европа со повеќе од 6 000 дела - кинески порцелан, мебел, слики, статуи, оружје, сликано швајцарско стакло,таписерии...
*БРАН “Замокот на Дракула” Замокот Бран секогаш се поврзува со легендата за Дракула. Изграден во 1377 г. за да го заштитува Брашов од Унгарците, а подоцна и од Турците, замокот лежи на врвот на ридот, одкаде се пружа живописна глетка кон истоименото село. Според историчарите вистинското име на гроф Дракула е Влад Цепеш, кој бил познат како исклучително жестока личност, особено кон крадците и непријателите. Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, а подоцна е превземен од комунистичкиот режим. Во 2006, Романската Влада одлучуваа, сопствеништвото на замокот да го додели на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој одлучил да го претвори во музеј – посветен на мрачната легенда за Дракула.
*Брашов Брашов е центар на Југоисточна Трансилванија и еден од најубавите и најголеми градови во Романија.
Брашов - "Градот на Саксонците" е основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку две порти кои сеуште постојат а импозантна е и поранешна административна зграда, Casa Sfatului но и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на еден богат трговец... Црната Црква, за која се вели дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН - 10.04.2026 ТЕРМАЛНИ БАЊИ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Препорачуваме факултативна посета на Термални бањи кои се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на 30 км од ценарот на градот (3 часакомплетна релаксација и опуштање)... 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалки и прекрасна ботаничка градина со разновидни и уникатни растенија. Во попладневните часови поаѓањекон Македонија.
5 ДЕН - 12.04.2026 Очекувано пристигнување во Скопје во утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 31.01.2026: 149 € / 9.238 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € / 11.718 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз
* 2 Ноќевања со појадок во хотел 3*
* Разглед на Букурешт со водич
* Пратител и организација на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативен излет „Трансилванија“:
* Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цена 18€ и
посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – 65€
* Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
* Патничко осигурување – 200 мкд.
* Туристичка такса 4€ по лице се плаќа во автобус
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- ПРОМО цената е важечка со резервација на сите излети
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.