Термин: 07 Октомври
Термин:20 Октомври
 
ПРОГРАМА:
1 ден   СКОПЈЕ –  ТРСТ:                                               
Состанок на групата во 14.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 15.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
 2 ден  ТРСТ-ПАЛМАНОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
 Пристигнување во Трст во претпладневните часови.По прошетката низ  градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
 3 ден   ВЕНЕЦИЈА:
Појадок. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Ноќевање.
4 ден   ВЕНЕЦИЈА  – ВЕРОНА : 
 Појадок . Напуштање на собите. Патувањето продолжува накај Верона.  Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.
 5 ден  СКОПЈЕ: 
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .
 
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 20 СЕПТЕМВРИ: 119 евра / 7.380 ден
 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 евра / 8.000 ден
                                                                                                                               
Цената вклучува:
-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
-2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел Moderno 3* http://www.hotelmodernojesolo.com/
-Посета на аутлет шопинг центар PALMANOVA
- Посета на Трст
-Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник на патувањето 
 
 Цената не вклучува:
- Целодневна задолжителна посета на  Верона10 €
- Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  15 €
- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2 €  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
- Влезници за музеи и споменици
- Задолжително патничко осигурување 155 мкд
- Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари
      НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
-  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
-  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
 
*Можност за плаќање на 6 рати без камата*
 
T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk