ТЕРМИН: 22-28 Октомври 2025 7 дена - 6 ноќевања
01 Ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - ГАЗИАНТЕП:
Состанок на групата на аеродром Александар Велики, Скопје во 10:30. Полетување на авионот за за Истанбул во 08:45 . Слетување во Истанбулво 11:20 л.в. Полетување на авионот за Газиентеп во 15:30.Слетување во Газиентеп во 17:15 часот по локално време. Трансфер до хотел. Сместување во хотел.
Добродојдовте во Газиентеп, град кој е на листата на UNESKOкако град на гастрономијата. Еден од најстарите градови на светот, сместен на само 50 -тина км од Сириската граница, на раскрсница на важни трговски патишта. Газиантеп е град со ориентален шарм, полн со добро градени камени куќи и калдрмисани улици. На брдото над градот се наоѓаат остатоци од тврдина која ја изградил царот Јустинијан први. Ноќевање.
02 Ден: ГАЗИАНТЕП – ХАЛФЕТИ -:
Појадок. *Мистичната авантура наречена Месопотамија ја започнуваме со посета на Zeugma Mosaic Museum, најголемиот мозаичен музеј во светот кој содржи 1700м2 на мозаици. Музејот чува неверојатни мозаици од од античкиот град Zeugma, еден од најважните Римски градови. Најпознатиот мозаик е "Gypsy Girl"(“Ciganka”)кој станал симбол на музејот и се чува во посебна просторија. Мозаикот е познат по своите очи кои го пратат и маѓепсуваат секој посетител. *После посетата на музејот, ќе шетаме по старите улици на градот за да стигнеме до Grand Bazar, во центарот на градот,познат е и како Zincirli Bedesten. Време е за пауза за ручек и да откриеме зошто градот е познат и како престолнина на гастрономијата. Ќе се засладиме на крај со прочуената баклава со ф’стаци. *Патувањето го продолжуваме конHelfeti, сликовито селце сместено на брегот на реката Еуфрат, познато по својата единсвена убавина, историски знаменитости и карактеристични црни ружи кои во летниот период се скроз црни, кои растат само на ова поднебје. Ги нарекуваат и “Арапката која плаќе”. На овој простор во минатото живееле Хитити, Асирци, Персијанци, Римјани, Византијци. Во 1990 год. најголем дел од стариот град е потопен при изградба на браната Birecik, на реката Еуфрат. Хелфети денес е опкружен со прекрасен планински пејсаж и со водите на езерото кое настанало со изградба на браната. *Ајде да уживаме и Крстариме по реката Еуфрат. Крстарејќи ќе имаме прилика да ги видиме потопените куќи изградени од камен, минарето од црква кое извира од водата, како и остатоци од стар замок. Реката Еуфрат е една од историски најзначајните реки. Заедно со реката Тигар, ја одредуваат територијата позната како Месопотамија, или земја на 2 реки. Според Библијата, Еуфрат е една од 4-те реки кои извираат од Рајската градина. Продолжуваме со патувањето кон Шанлиурфа. Пристигнување во хотел во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
03Ден: ШАНЛИУРФА – ХАРАН :
Појадок. Мистиката и возбудувањата продолжуваат.
* Шанлиурфа – или само Урфа како го нарекуваат неговите мешани жители, е библиски град на пророкот Аврам и царот Нимруд кој го претскажал неговото раѓање. Оддалечен е 9 км од реката Ефрат и 50 км од Сириската граница. Урфа прв пат се спомнува во 4 в.п.н.е но во околината се пронајдени трагови кои говорат за постоење на населба стара 9 милениуми пред нашата ера. Урфа уште се нарекува и “Градот на Пророкот”.
* Прво го посетуваме Göbeklitepe, археолошкиот локалитет, кое е Светилиште на врвот на ридот, подигнато на највисоката точка на издолжениот планински гребен, некои 15 км североисточно од градот Sanliurfa. Архелозите докажале дека ова Светилиште е настарото Светилиште на светот, старо околу 11.500 год, постаро од египетските пирамиди. Големите монолитни камени столбови се и денеска мистерија за археолозите и истражувачите. Само 5% е искпан и ситажен овој локалитет кој е отворен за јавноста во 2000 год.
* Продолжуваме кон Харан – еден од најстарите градови во светот. Харан има посебен религиски значај за јудеизмот, христијанството и исламот. Според Библијата, Харан бил место каде Аврам го поминал дел од својот живот пред да го прими божјиот благослов и да се упати кон ветената земја.
Едно од најпрепознатливите карактеристики на Харам селото, се традиционалните кружни конусни куќи од од глинс и кал, како некои “пчеларници”. Преставуваат одлична изолација за време на летото но и за зимата.
*Во попладневните часови го посетуваме Balikligol (Рибино езеро), свето езеро во срцето на градот. Според една легенда, ова е место каде пророкот Аврам (Абрахам), познат како Halil-ur-Rahman, бил фрлен во оган но Господ го спасил и претворил во езеро. Езерото е дом на бројни риби кои се свети и не смеат да се ловат и јадат. Посетителите често ги хранат рибите сметајќи дека тоа носи среќа и благослов. Околу езерото се наоѓаат бројни архитектонски знаменитости, вклучувајќи ја Halil-ur-Rahman џамијата и пештерата во која според легендата Аврам бил фрлен во оган.
Ноќевање.
04 Ден: ШАНЛИУРФА – НЕМРУТ :
Појадок. Продолжуваме со откривањето на мистериозната Месопотамија. Патуваме кон Немрут со попатна посета на Ататурк браната на реката Еуфрат, трета по големина во светоти отворена во 1990 год. *Го посетуваме и градот Адијаман, во близина на реката Еуфрат, со богата историја и многу вредни архолошки локалитети. *Најпознат локалитет е секако Nemrut Dağı (планината Nemrut, 2134м). Oвдека ќе имаме незаборавна глетка на статуите со огромна големина и главите на кралевите и боговите. Планината Немрут е регистрирана како културно и историско наследство на UNESKOво 2015 г. Планината е препознатлива по големите статуи на орлови, лавови, на Богот Зевс, Богот Херакле како и скулптура на славниот и моќен Крал Антиох. Тука се наоѓа и храмот-гробница на Кралот Антиох.
Сместување во хотел. Ноќевање
05 Ден: НЕМРУТ- ДИЈАРБАКИР - МАРДИН :
Појадок. Возбудувањата продолжуваат. *Патуваме кон Дијарбакир, еден од најважните урбани центри, главен град на истоимената покраина. Има богато историско и културно наследство.Најголем број од жителите се Курди и важи како неформален главен град на Курдите. Името е синтагма на diyar i bakr што на Арапски значи “Тврдина на Арапскиот народ”. Поради својата местоположба, покрај Персиската граница, градот во минатото станал голем воен центар од каде тргале бројни војски во борбите со Персијанците. Најимпресивен историски споменик на Дијарбакир е секако стариот центар на градот опкружен со зидини. Нив ги подигнал Римскиот цар Konstancije II, а доградувани се и од Арапите и Османлиите. Денеска имаат должина од 5км, 82 кули и 4 порти. Изградени се од црн базалт и затоа Турците тој дел од градот го нарекуваат Kara Kale, Црна Тврдина. Во 2015 год. тврдината е запишана во пописот на УНЕСКО како светско културно наследство на УНЕСКО.
*Дневната доза на возбудување ја завршуваме со посета на Deyrulzafaran Manastırı. Импозантниот манастир не е само верски и културен споменик, него и симбол на долготрајна историја и традиција на Сириската Православна црква. Неговата богата историја, прекрасна архитектура и духовен значај, го прават еден од најважните верски објекти во Турција. Посетата на овој манастир ни дава увид во богатото културно наследство и духовност на овој регион. Името го подиба од зборот “сафран” поради жолтите камени блокови кои се користени за изградбата и кои потсетуваат на бојата на шавранот.
*Возбудени од посетата, не осетуваме кога ќе пристигнеме во Мардин. Сместување во хотел.Ноќевање.
06Ден: МАРДИН – МИДИЈАТ – МОР ГАБРИЕЛ – ДАРА :
Појадок. Мардин, познат по својата арапска архитектура, посебно и стратешката положба сместен на планина од која може да се надгледуваат долините на северна Сирија. Град со 80-85% Курдско население кој бил изграден како Сириски Христијански град, во кој живееле Сириски Православни верници, Католици но и Протестанти. Некогаш град кој бил срцето на Сириското Христијаство.
Ден за многу авантури.
Мидијат, сместен во провинцијата Мардин, блиску до границата со Сирија, познат е по богатата историја, културното наследство и традиционалната архитектура, посебно по куќите градени со камен, карактеристиќни за овој регион.
*Продолжуваме кон еден од најстарите активни сириски православни манастири во светот – Мок Габриел, Манастирот Мок Габриел основан е во 397 год од страна на Мор Шемун (Simeona),аскетски свештеник и неговата ученица Мор Габриел. Основан е како центар на монашкиот живот и духовност. Во текот на вековите, манастирот станал седиште на Епископот и Патријархот и бил дом на голем број на монарси. Зградите на манастирот се изградени од локален камен и познати се по преубавите камени резбарии, кои вклучуваат сложени геометриски и цветни мотиви. Овие резбарии ја покажуваат вештината и креативноста на средновековните занаетлии.
Манастирот привлекува верници од целиот свет, кои доаѓаат да се молат, да присаствуваат на верски обреди и бараат благослов.
*Продолжуваме кон Античкиот град Дара. Ова археолошко наоѓалиште е едно од најважните во регионот, поради својата богата историја, архитектура и значај во античкиот период. Градот Дара е основан во 505 год од страна на Византискиот цар Анастазија како воен гарнизон и стратешка тврдина за одбрана од Персијанците. Поради своите масивни зидови, ровови и подземни тунели, имал силна одбрамбена функција. Имал и напреден систеннна аквадукти и цистерни за снабдување со вода, што било клучно за животот во градот.
* Се враќаме да уживаме во Мардин и шетаме по стариот дел од градотпознат по своите кривулести патеки и камени куќи и Големата џамија од чие минаре се гледа целата панорама на градот но и на Месопотамија. Мардин е познат и по Милениумскиот дом на Сиријците. Во Мардин сеуште живеат околу 5000 Сиријци кои се нарекуваат “прави Христијани”, откако уште во првиот век ја прифатиле Христијаската вера. Живеат во соживот со денешните становници во Мардин, град познат по цркви и манастири кои ги има во околината. Ќе ја посетиме црквата на 40-те Маченици во која секоја недела има богослужба.
Ноќевање.
07 Ден: МАРДИН – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ :
Појадок. Слободно предпладне за индивидуални прошетки.
Полни со возбудливи впечатоци од богатата историја и мистика на Месопотамија, тргнуваме кон аеродромот во 12:00 часот. Полетување за Истанбул во 14:40 а слетување во 16:55. Полетување за Скопје во 20:15 а слетување во 19:45 по Македонско време.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ : ./..€/ Наскоро...
Ограничен број на места !
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Авионски превоз со Turkish airlinesСкопје - Газиантеп / Мардин - Скопје
- Аеродромски такси
- Оброци во авион
- Рачен (1) багаж 8 кг, максимални димензии: 55х40х20 см
- Чекиран багаж до 23 кг.
- 1 Ноќевања со појадок во хотел со ***/****во Газиантеп
- 2 Ноќевања со појадок во хотел со ***/**** во Шанлиурфа
- 1 Ноќевања со појадок во хотел со ***/****во Немрут
- 2 Ноќевања со појадок во хотел со ***/**** во Мардин
- Сите разгледи во Месопотамија според програмата
- Оброци во Месопотамија, според програмата ????
- Услуги на професионален Турски локален водич за време на целото патување
- Туристички пратител на турата од Нехар травел
- Посети и разгледувања во Месопотамија, според програмата
- Трансфери од аеродромите во Турција до хотел и назад
- Услуги на локалната агенција,
- Организација на патувањето,
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување мкд,
- Туристичка такса 2 € по лице од ноќевање. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
- Крстарење по Еуфрат
- Влезници за локалитетите и музеите во Месопотамија, според програмата.
- Задолжителен бакшиш за локалниот водич (3€) и локалниот возач (2€) на ден, се исплаќаат последниот ден од патувањето.
- Не спомнати услуги.
НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патника.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.
*Можност за плаќање на 6 рати без камата
САМО СО НЕХАР ТРАВЕЛ ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МИСТИКАТА НА МЕСОПОТАМИЈА !
T.A. НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Даме Груев бр.18, Скопје. Tel: 02/ 3131045 Моб: 071/380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk