Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
Емилија - Ромања: најбогата меѓу 20-те Италијански регии и една од најразвиените во Европа, спој на две покраини , Емилија и Ромања, во долината на најголемата Италијанска река По. Искористете ја можноста да ги посетите најубавите центри на регионот... Болоња, Ферара, Римини, Сан Марино, Равена, Парма и Модена и да ја уживате во убедливо најдобрите кулинарски специјалитети во Италија...
Во јужниот дел на прекрасната Полска, на реката Вистула е сместена престолнината на музеите и величенствената архитектура која со секој поглед како да станува сè поубава и поубава...