Термин: 29 Декември
1 ДЕН 29.12.2023 СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ДЕН 30.12.2023 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 31.12.2023 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол... Вечерта дочек на Нова година на еден од Атинските плоштади. . Ноќевање.
4 ДЕН 01.01.2024 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
05ДЕН 02.01.2024 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНАНА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10 НОЕМВРИ: 159 евра / 9.860 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра / 11.100 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база 2 НП во хотел 3*
- Организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување (до 60 години) 250 ден
- Разглед на градот (15€)
- Факултативна посета на Пелопонез (50 €)
- Вечера во Таверна (45€)
- Задолжителна посета на Пиреја и Сунион (30€)
- Влезници за локалитетите и други факултативни посети
- Туристичка такса 2€ по лице на ден
- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден
- Доплата за избор на седиште во автобус 20€ (задолжителна резервација при уплата)
- Доплата за празно седиште 150€
НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, , Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk