Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2026

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ПАРГА

    €180,00
    ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

    ВИЛА „DIMITRA“ – Никити

    €129,00
    НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија. Плажата на Никити е во залив и гледа према првиот крак.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море ,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници ,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис. ВИЛА “DIMITRA” Е ИДЕАЛНА ЗА ОДМОР СО ПРОСТРАН ДВОР СО ТРЕВА, ЦВЕЌИЊА И ПАЛМИ, СКАРА НА ЖАР, ЛУЛАШКИ ЗА ДЕЦА. ВИЛА “DIMITRA” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 250 МЕТРИ ОД ПЛАЖА. ВИЛА “DIMITRA” РАСПОЛАГА СО ТРОКРЕВЕТНИ АПАРТМАНИ ВО КОИ ИМА МОЖНОСТ И ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН КРЕВЕТ.

    ВИЛА „АЛЕКСАНДРА“ – Калитеа

    €89,00
    КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање. Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.

    ВИЛА „МАРИЈА” – НЕА ФЛОГИТА

    €160,00
    Вила ''Maria '' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, 50 метри од плажа, во близина на хотел ''Corfu''. Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тeраса, WC, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тeраса и има lcd-tv со тотал TV).

    ВИЛА „ЛИЦА ”- НЕА ФЛОГИТА

    €140,00
    Вила „Litca” е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката. Апартманот е на трет кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет, купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросет) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

    ВИЛА „ЛИЦА 2 ”- НЕА ФЛОГИТА

    €150,00
    ЛИТЦА 2 – НЕА ФЛОГИТА Вила ,,LITCA-2'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ''Corfu'', околу 70 метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје,високо приземје, прв кат и втор кат.

    ВИЛА „Катерина'' – Неа Потидеа

    €79,00
    ВИЛАТА “КАТЕРИНА” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД) НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KATERINA ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА. НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ. СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ НА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

    ВИЛА „СПАНОС” – ПОЛИХРОНО

    €79,00
    Вила СПАНОС се наоѓа централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 200м од плажа. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на први спрат, Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон. 200 М. од плажа

    ВИЛА „ ТУЛИС ”- ПОЛИХРОНО

    €105,00
    Лето 2026 Полихроно- Вила Тулис Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање има големи пешкири за туширање. Одличен избор за семејства. 2024 Година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.