Традиционално, и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи во најголемите ски центри во Франција. Ве водиме во LES ARC 1800 – Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри –
*PARADISKI (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан. Наша топла препорака е да земете
“ESENTIAL” ski pass за PARADISKI регионот.
*LES ARC се состои од 5 населби:
Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000- сите поврзани !
*LES ARC 1800 располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м.најпопуларно и најголема ски населба со најбогата Apres Ski содржина. Многубројни пабови,ресторани, продавници...
*Според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, а секако едно од најдобрите ски дестинации во Франција.
ТТрадиционално, и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височина и важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.