Вила Атина Студиос е лоцирана во Голден Бич на 70 м. од самата плажа Голден бич. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија (француски лежај и класичен лежај или софа), , опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса со тенди. Вилата располага и со сопствен паркинг и двор за користење на гостите со гарнитура за седење.
Собите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се со поглед кон море.
Вила Александра е лоцирана во Лименас во близина на шеталиштето со таверни и дуќани , на 300 м. оддалеченост до најблиската плажа и околу 700 м. од градската плажа. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија, опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата има паркинг во близина.
Координати 40º 46'38.38"N 24º 42' 26.27"E
Вила ХЕЛИОС ГАРДЕН, се наоѓа во Лименас, околу 350м од центарот на градот и околу 900 м,
од градската плажа. Покрај одличната локација во мирно окружување, вилата има голем базен( без дел за деца) со лежалки и чадори (без доплата), мала рецепција со лоби, мало игралиште за деца, ѕидана скара која е на располагање на гостите и паркинг.
Двокреветните студија се опремени со француски лежај, дел со кујна, купатило и тераса со гарнитура за седење. Студијата имаат плазма ТВ и интернет. Климата е со доплата 6 Еур на ден. Величина на студијата 16-18м2+ тераса
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.
Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.
Вила Савас се наоѓаат во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро познат Summer Beach Malibu.
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.